Преговорите за Брекзит се без никаков напредок

од Vladimir Zorba

По три дена преговори за Брекзит се уште не е постигнат никаков напредок, изјавија високи функционери во средата вечерта, пишува весникот The Times.

Британскиот министер за прашања за Брекзит Дејвид Дејвис во четврток ќе се врати во Брисел, за да се сретне со главниот преговарач од страна на Европската унија Мишел Барние.

Минатата ноќ имаше незадоволство поради недостатокот на напредок по прашањата за правата на граѓаните и законот за излегувањето на Велика Британија од блокот.

Изворите истакнаа дека и двете страни постигнале “подобро разбирање” на своите позиции, но склучувањето на договор се уште е далеку. Разговорите во средата биле фокусирани на правата на граѓаните.

Сесијата поминала полесно во споредба со дискусиите во врска со предлог-законот за Брекзит.

Слични содржини