Според неофицијалните информации, преговорите одат со големи тешкотии,  околу поголемиот дел од точките, но заглавиле на датумот за изборите – 24 април. Имено, како што дознаваме од терен, странските претставници ги убедуваат  претставниците од ВМРО-ДПМНЕ да прифатат одложување на изборите, бидејќи  не се исполнети условите за прочистување на избирачкиот список, и нема време тоа да се направи до 24 април.

Во меѓувреме, новинарите дремат во гаражата во недостоинствени услови за работа, облечени во топла облека, а дел од нив нема ни каде да седнат.

12571376_10208045020381322_1153412644_n

Пред околу еден час Аиво Орав ја отвори гаражата за новинарите да имаат каде да се засолнат од дождот. Таму добија и топол чај.  За ваквиот третман новинарите секојдневно алармираа при линковските вклучувања од Пржино, реагираа и од Самостојниот синдикат на новинарите, со цел да се обезбедат нормални услови за работа, но конечно на последната средба ги пуштија подалеку од портата, пред која чекаа со часови.

Инаку, крајот и исходот од преговорите е неизвесен. Аиво Орав пред средбата изјави дека нема претстава колку време  би траел состанокот.

На состанокот покрај четворицата лидери Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, присутни се и американскиот амбасадор Џес Бејли и преговарачот делегиран од ЕУ Питер Ванхауте.

 

Слични содржини