Работата на Јавниот сервис и Агенцијата за медиуми,   и денеска се во фокусот на работните групи. Денеска во клубот  на пратеници со свои ставови ќе излезат новинарскиот синдикат ССНМ, ЗНМ, МАН, МИМ и повеќе новинари и уредници.

цензо

Тие на Ванхојте, ќе му ги посочат своите позиции нужноста од давање простор а не прогон на синдикалните претставници , лидери и активисти , амбиент за потпишување на  колективните договори и борба за работничките права. Голема важност и неотстапување од  професионалните и етички  стандарди  а не диксредитација и напади врз критичките и професионалн новинари и медиуми, решавање на финасирањето и управувањето на МРТВ, деполитизација на Агенцијата за аудиовизулени работи и низа други црвени линии за слободата на медиумите и новинарската професија, кои  ќе бидат поставени како услов а не  како дневно информирање  на преговарчките тимови и протоколарна присутност порачуваат од   медиумската заедница

цензор

На покана на медијаторот Питер Ванхауте, вчера претставници на Агенцијата, на Советот за етика, како и директорите и уредничкиот тим на МРТВ,  исто така информирале за актуелните состојби, работата и начинот на функционирање.

Но, наместо отчет за работата на Регулаторот, дискусијата преминала во  политичики препукувања, лични дискредитации и навреди.  Работната група за медиумите, се сретнаа втор пат неделава, по краткиот состанок во понеделникот, кога беше утврдена рамката за преговори. Преговарачките тимови треба да ги усогласат ставовите околу измени на Законот за медиуми, реформи во Јавниот сервис, и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како и реформи во Државната агенција.

 

Слични содржини