Прекинати телекомуникациските линии преку домашни оператори на Амбасадата на САД во Скопје

од desk3

us1

Амбасадата на САД вечерва остана без комуникации преку домашните телекомуникациски оператори.  Од амбасадата на нивната интернет страница, но и на твитер , информираа дека домашните телекомуникациски линии се прекинати, и дека за сите потреби ќе се комуницира преку американска линија.

Засега никој не ја соопштува причината зошто на амбасадата и е оневозможена комуникација преку домашните оператори.

Претходно Фокус информираше дека масовно полициско присуство попладнево било забележано  во непосредна близина на Амбасадата на САД во земјава . Минувачи, за Фокус сведочат дека полицијата го блокирала сообраќајот кај влезот на амбасадата .

Од Амбасадата  потврдиле дека се случил инцидент, но за што поточно станува збор, од таму упатиле на одговори од Министерството за внатрешни работи, каде  го пријавиле инцидентот.

 

Слични содржини