Вечерва во 20 часот, во Џебното кино на МКЦ,  премиерно ќе биде прикажан аматерскиот фим „ФИ“ на авторот Владимир Најдовски. По трет пат, непрофитната „Филмофилската продукција“, формирана од млади филмофили, прават обид да ја збогатат македонската кинематографска сцена со визуелна естетика која не е во рамките на професионалниот филм, а нуди алтернативни решенија во кадрирање, монтажа, музика и сценска игра. Во претходните филмови на Филмофилската продукција, можеше да се забележи силно експресионистичко толкување на реалитетот прикажан преку симболното, кое за вакви филмски форми често може да биде решение за целосно заокружување на наративот. Најчесто филмаџиите кои се занимаваат со оваа форма на филмови се соочуваат со недостаток на ресурси, а тоа значи недоволен финасиски капацитет и несоодветна опрема при снимање. Но поради ваквите проблеми, аматерскиот филм е поиновативен во визуелните и звучни решенија.

Image1

–  Аматерскиот филм може да биде и 100 % авторско дело. Недостатокот на ресурси, прави да користиме веќе постоечки елементи кои можат да се превземат бесплатно од интернет. Но во последниот филм се обидовме да ја одбегнеме таквата пракса и делумно успеавме, вели режисерот Владимир Најдовски. 

3

Камера: Владимир Најдовски и Марина Аврамовиќ
Сценарио и Режија: Владимир Најдовски
Монтажа: Марина Аврамовиќ
Оригинална Музика: Горан Москов
Звучни Ефекти и Монтажа на Звук: Горан Москов

Глумци: Благоја Андреев, Бојана Тосковска, Ива Парлапанов,
Бојан Вачков, Елена Тарчуговска, Милена Спасовска
Никола Виларов, Каталин Богоева, Влатко Чаловски
Филип Алексовски, Златко Поповски, Игор Јованов, Радомир Станиславски, Владимир Најдовски.

Локално.мк

Слични содржини