Во Театарот за деца и младинци, утревечер, премиерно ќе биде изведена театарската претстава  „Пепелашка“ по Шарл Перо и браќата Грим во режија на Дејан Дамјановски како дел од програмата на Скопско лето 2016.

teatar-za-deca-i-mladinci

Драматургот Горјан Милошевски информира дека ги искористил бајките на Шарл Перо и браќата Грим, како и мотиви од истоимениот цртан филм на Дизни.

– Ги испишав ликовите на мој начин. Ситуациите се развиени по моја визија и идеја. Пепелашка и принцот не се безгласни. Тие не се само убави луѓе кои се заљубуваат еден во друг, туку имаат свој коментар и став – рече Милошевски.

Слични содржини