Премиерата за новиот филм за Џејмс Бонд се очекува во 2019 година

од Vladimir Zorba

25-тиот по ред филм за агентот 007 Џејмс Бонд ќе излезе во кината на 8 ноември 2019 година. Ова го пренесе специјализираното списание “Варајати”, повикувајќи се на Metro-Goldwyn-Mayer и Eon Productions. Новиот филм сè уште нема наслов. Не се пријавени и кои ќе се актерите, вклучувајќи го Џејмс Бонд, ниту кој ќе биде режисер.

Сценаристите, кои работат над лентата се Нил Первис и Роберт Вејд. На 10 јули беше објавено дека англискиот актер Даниел Крег, кој го одигра агентот 007 во четири од филмовите за Бонд, ќе прифати повторно да ја исполни својата улога.

Во ноември 2015 година, веднаш по премиерата на филмот “007: Спектар” Даниел Крег изјави дека поскоро би си пресекол вените, отколку да учествува во уште еден филм за Бонд.

Продуцентот  планира да ја привлече британската пејачка Адел да ја исполни песната кон новиот филм. Нејзиното учество во филмот “Координати: Скајфол” ѝ донесе “Греми” и “Златен глобус”.

Слични содржини