Премиерот Заев ќе сведочи за „Монструм“ доколку го повика судот

од Vladimir Zorba

Премиерот, Зоран Заев  на денешната прес конференција со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески,  рече дека ќе сведочи за случајот „Монструм“ доколку судот побара од него, и ке каже се што знае. Уверува дека сите прислушувани разговори што ги поседувал ги предал на СЈО. Тој вели дека не сака да биде ниту истражител ниту обивнител туку низ судски постапки судовите да се донесат одлуки.

Премиерот Заев потврди дека обвинетиот за маскарот на Смилковското езеро, Фејзи Азири,  разговарал телефонски со потпретседателот на ДУИ Невзат Бејта. Заев вели разговорот им го покажал и на семејствата на убиените момчиња, а во него Азири и Бејта зборувале за субвенции за земјоделство.

„Видовме како едно од осомничените лица, Азири, воедно ѕвони и разгова со Бејта го моли за 450 евра субвенции за земјоделство“, рече Заев.

Од опозициската ВМРО – ДПМНЕ велат, срамен и недостоен е начинот на кој што денеска Зоран Заев повторно си поигра со трагедиите на семејствата на петмината егзекутирани кај Смилковското езеро.

Родителите на убиените момчиња на последното рочиштем побараа претрес во СДСМ и стражарно приведување на Заев во судот за да ги објави телефонските снимки за „Монструм“ и да одговори кои фунцкионери од ДУИ се поврзани со случајот./Телма ТВ

Слични содржини