Прес секретарот на владејачката партија на Шпанија му се закани на премиерот на Каталонија: Да не заврши како личноста од пред 83 години – стрелан во 1940 година!?

од Vladimir Zorba

Прес секретарот на владејачката шпанската Народна Партија Пабло Касадо изјави на прес-конференција дека Карлес Пучдемон, актуелниот прв министер на Каталонија може да заврши како својот претходник на функцијата Луис Компанис кој исто прогласи независност на регионот на 6 октомври 1934 година, пренесе The Spain Report.

Да се ​​надеваме дека ништо нема да биде објавено, бидејќи можеби личноста која ќе го објави ова, ќе заврши како личноста, која истото го објави пред 83 години, изјави Касадо.

Касадо не прецизира дали го има в предвид она што се случило беколку месеци по 6 октомври 1934 година, кога Компанис е уапсен и осуден на 30 години затвор за востание од тогашните шпански централни власти или за тоа што се случило со него потоа.

По бегството во Франција по Граѓанската војна во Шпанија, Компанис од страна на нацистите е предаден на режимот на Франко Франко, кои му го извелее пред воениот суд и го стрелале на 15 октомври 1940 година.

Каталонските сепаратисти и голем број претставници на опозицијата во Шпанија веднаш реагираа луто на зборовите на КасадоДа, Пабло Касадо, ние знаеме како нашиот претседател Компанис заврши – стрелан од армијата. Убаво ли е вие да потсетувате на беспомошни луѓе? Коментира пратеникот од каталонски парламент Жоан Тарда.

Касадо вели дека Пучдемон може да заврши како Компанис кој е измачуван и убиен. Или е глуп или неодговорно провокативен , смета претседателот на шпанската партија Подемос Пабло Иглесиас. Неговиот сопартиец Индиго Ерехон го повика Касадо или веднаш да се извини, или да поднесе оставкаТој е подпалувач, додаде политичарот.

Слични содржини