Пукање и зголеменото присувство на полицијата и стражарите било забележано синоќа во затворот Идризово, откако според првичните информации се случил обид за бегство.

Обидот за бегство бил од женското одделение на затворот Идризово, потврдуваат за А1он затворениците, а според првичните информации осудените кои се обиделе да избегаат имале и помош од надвор.

Се уште нема никакви официјални информации за овој настан од министерството за внатрешни работи.

Слични содржини