Ципрас останува на барањето за помош во висина од 29 милијарди евра за покривање на внатрешните и на надворешните долгови и за реструктуирање на долгот, но се согласува грчката влада да ги прифати реформите и мерките што ги предлагаат европските институции. Грчкиот премиер предлага дел од нив да се имплементираат за малку подолг период од предложениот. Во писмото Ципрас вели дека ги прифаќа сите реформи поврзани за ДДВ, но бара попуст од 30 отсто за грчките острови поради нивната оддалеченост и потешкотии за снабдување. Премиерот предлага да се прифати идејата за кревање на границата за пензионирање, но наместо нејзино имплементирање од октомври, таа да почне од октомври да се одложи за понатаму.

Владата се согласува да го намали буџетот за армијата за 200 милиони во 2015 и 400 милиони  во 2017. Исто така се согласува и за постепено укинување на поволните даноци и субвенции за земјоделците.

Новиот предлог на Ципрас се оценува дека е причината за одлагање на состанокот на Еврогрупата за подоцна, за министрите да го разгледаат поконкретно новиот предлог на Ципрас, но и грчката страна да има време да направи дополнителни измени доколку тоа е потребно./META