Претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, бил претепан по осветувањето на крстот во скопски Бутел. todor_petrov

Се претпоставува дека поводот е неговата донација на 51 метарскиот крст. Наводно, непозната група по завршувањето на осветувањето, на кое тој држеше и говор, го нападнала и го претепала.

“Ука-бука и патриотизам”- темелите на крстот осветени, сите по дома…

Според полицијата, Петров е на лекување на скопските клиники.  Во моментов врз него се вршат дијагностички иследувања, а компјутерската томографија ќе покаже дали е потребно понатамошно лекување.

Петров, на чија иницијатива и се поставува крстот, во говорот што го одржа претпладнето во Бутел, порача дека, ова не е порака на Македонците против соживотот со другите, туку  е симбол на љубовта и верата.

Слични содржини