Претежно сончево и топло

од Vladimir Zorba

– Времето во Македонија ќе биде претежно сончево и топло, на повеќе места со натпросечни дневни температури.

Утринската температура ќе се движи од девет до 15, а дневната од 25 до 33 степени.

УВ-вредноста ќе изнесува 7.

Во Скопје слично време, претежно сончево и топло. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 33 степени.

Утре во текот на ноќта и во вторник претпладне, под влијание на нов влажен бран повторно ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, особено во западните делови од земјава. Ќе дува и засилен јужен ветер. Потоа во наредните денови времето ќе биде стабилно и малку посвежо.

Слични содржини