Претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

од Vladimir Zorba

– Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне, претежно на југот и истокот од земјава ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. На места е можно процесите да бидат поинтензивни со појава на град и засилен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 21, а дневната од 25 до 33 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе достигне до 18, а дневната до 32 степена.

Во недела ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои во јужните делови се очекува да бидат поројни и пообилни (над 30л/м2). Локални врнежи од дожд се уште ќе има и во понеделник претпладне. Во недела и во понеделник ќе дува повремено засилен северен ветер, а температурата значително ќе се намали. Најсвежо ќе биде во недела кога максималната температура на повеќето места ќе биде само малку над 20 степени.

Слични содржини