Претседателите на Русија и Франција ќе ја имаат својата прва средба

од Vladimir Zorba

Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин за прв пат ќе има средба со новиот претседател на Франција Емануел Макрон, пренесува рускиот весник “Известија”.

Од Москва се надеваат дека средбата ќе овозможи да биде отворена нова врата за билатералните односи меѓу Москва и Париз кои за време на претходниот француски претседател Франсоа Оланд беа подзатворени.

Француски експерти коментираат за руското издание дека Макрон има интерес од средбата со Путин: тоа ќе му овозможи на францускиот шеф на државата да демонстрира независност во својата надворешна политика.

Првата средба меѓу францускиот и рускиот претседател и ќе се одржи во Версај, каде во понеделник ќе ги биде отворена изложба посветена на 300-годишнината од посетата на Франција на рускиот император Петар І.

За последен пат имаше подготвеност и желба Путин да го посети Париз пред седум месеци, но ја откажа посетата по забелешката од страна на Оланд дека руските бомбардирања во сирискиот град Алепо личат на “воени злосторства”.

Слични содржини