Претседателот на албанскиот парламент Илир Мета е избран за претседател на земјата

од Vladimir Zorba

Водачот на Социјалистичкото движење за интеграција (СМИ) и претседател на албанскиот парламент Илир Мета беше избран во петокот за претседател на земјата, соопштува Balkan Insight.

Кандидатурата на Илир Мета беше поддржана со 87 гласа “за” наспроти само два “против” во 140-члениот законодавен орган на земјата. Тој ќе биде седмиот претседател на Албанија по падот на социјалистичкиот режим во земјата во 1990 година

Илир Мета е избран за шеф на државата во четвртиот круг на гласање во парламентот, откако премиерот Еди Рама и неговата Социјалистичка партија на Албанија застанаа зад неговата кандидатура, која беше прогласена во четвртокот.

Во претходните три обиди, владејачкото мнозинство не номинира кандидат, надевајќи се дека опозицијата во лицето на Демократската партија ќе го прекине бојкотот на парламентот.

Слични содржини