Претседателот на ДИК Чичаковски, како и членовите Дума и Милев поднесоа оставка

од desk2

Претседателот на Државната изборна комисијата (ДИК) Александар Чичаковски денеска за МИА изјави дека поднел барање за престанок на функцијата претседател на Комисијата.

Оставката, рече Чичаковски, е негов личен чин.

Чичаковски оставката ја поднесе откако во јавноста беше обелоденето дека членовите на ДИК зеле високи надоместоци за последните неколку изборни циклуси и интернет петицијата за оставка на членовите на Комисијата.

До собраниската архива барање за предвремен престанок на функцијата поднеле и членовите
на ДИК предложени од СДСМ Виолета Дума и Игор Милев, потвруваат од Парламентот.
Чичаковски, Дума и Милев оставките ги поднесоа откако во јавноста беше обелоденето дека
членовите на ДИК зеле високи надоместоци за последните неколку изборни циклуси и
интернет петицијата за оставка на членовите на Комисијата.

Мандатот на овој состав на комисијата истекува во 2020 година. Чичаковски е прв човек на ДИК
од редот на експертите од 2015 година по постигнувањето на Пржинскиот договор, а Дума и
Милев се предложени од редот на политичките партии.

Засега нема информации дека други членови на ДИК си поднеле оставка, иако некои од нив
потврдуваат дека веќе им се напишани/MIA

Слични содржини