Против усвојувањето на предложените измени се прогласи Националната служба за борба против корупцијата, Канцеларијата за борба против организираниот криминал и тероризмот, јавното обвинителство, а претседателот повикаа тие да бидат повлечени.

Во неделата околу 10 000 Романци, незадоволни од предложените измени, излегоа на протест во главниот град. За слогани на демонстрациите демонстрантите избраа “Корупцијата убива”, “Не на амнестијата”. Државната глава Клаус Јоханис отиде кај демонстрантите. Тој рече дека отишол на Универзитетскиот плоштад, за да покаже незадоволство од фактот дека “една шака политичари” сака да го промени законодавството и да ја ослабне правната држава.

“Група политичари со проблеми со правда сака да го измени романското законодавство, за да ослабне правната држава и тоа е недозволиво. Неприфатливо е резултат на промените во законите десетици и стотици политичари кои имаат проблеми со законот, да се покажат чисти и да продолжат да го прекршуваат закон

Неприфатливо е да се менува законодавството и десетици или стотици истраги за  политичари  за да се покажат со чисти досиеја и да продолжат беззаконијата. Романците со право се огорчени “, изјави претседателот на државата .

Претседателот, кој се приклучи на поворката, беше поздравена со аплауз и скандирања “Јоханис е со нас!” и некое време одеше заедно со протестантите.

Демонстрациите се чувани  од полицијата, засега нема регистрирани инциденти. Слични протести се одржуваат и во други романски градови.

Министерството за правда во средата проект за помилување, кој би ослободил околу 3.500 лица од затворите. Друг проект предвидува декриминализација на злоупотребата на службената положба кога штетата е под 44 500 евра, и ја намалува максималната казна за ова кривично дело од седум на три години затвор.

Претседателот Јоханис, кој е близок до опозициската Национал-либералната партија, побара во петокот владата да се откаже од планираните промени. Во објавено во “Фејсбук” порака тој напиша дека овие планови се “нецелесообразни, неприфатливи и изгледа се прават само за одредени лица”