Претседателска романса: Макрон и Трамп – прегратки, бакнежи и држење за рака

од desk2

Претседателот на САД Доналд Трамп го пречека во Вашингтон францускиот колега Емануел Макрон и светските медиуми се опседнати со нивното специјално пријателство на кое му препишуваат особини на вистинска „романса“.

Трамп и Меланија организираа свечен дочек во Белата куќа за францускиот претседател и неговата сопруга Брижит, а она што ја одбележа средбата, освен белите модни комбинации на двете први дами, беа постојаните ракувања, прегратки, држење за рака, но и бакнежите што си ги разменуваа двајцата светски лидери.

NBS News пишува дека сѐ почнало со бакнеж во образ, што е типичен европски поздрав. Нешто подоцна следеше долго ракување, како продолжение на „борбата на титаните“ од претходните средби на лидерите.

Потоа, кога двајцата се појавија пред новинарите, Трамп му го „зачисти првутот“ од сакото на Макрон.

„Совршен е“, рече Трамп за неговиот француски колега.

Како што рече Трампо, „не се лажни вести“ кога медиумите пишуваат за неговата врска со Макрон, кој е првиот странски претседател за кој е организиран свечен дочек во Белата куќа откако Трамп дојде на претседателската функција.

Во текот на денот беше јасно дека „борбата на титаните“ преминала во вистинска „броманса“: пред почетокот на прес-конференцијата двајцата лидери беа во „топла прегратка“, а Трамп успеа и да го фати Макрон за рака и да го поведе во Белата куќа.

Слични содржини