Превртениот автобус е македонски, најмалку 26 се повредени, двајца потешко

од desk2

Најмалку 26 лица се повредени, од кои двајца потешко вечерва откако автобус со патници излета од коловозот на автопатот Велес-Скопје.


Повеќе екипи на Брза помош ги извлекуваа повредените и ги пренесуваа во најблиските болници.
МВР ја корегира претходно дадената информација дека автобусот кој излета на автопатот кај Велес бил со грчки регистарски ознаки. Од МВР посочуваат дека станува збор за македонски автобус.

Според нивните податоци, 18 повредени се пренесени во скопските болници, а осум во болницата во Велес.
Директорот на Ургентниот центар во Скопје д-р Илир Хасани потврди дека кај нив се примени десетина од повредените патници од кои еден е во тешка состојба.

ОБНОВЕНА Најмалку 20 повредени во сообраќајката кај Велес- Фото

– Во Ургентниот центар се примени околу 10-тина повредени од кои еденпациент се наоѓа во шок соба во потешка општа состојба со повреди на екстремитетите и телото. Во моментот другите се во фаза на иследување, рече д-р Хасани.

Околу 19 часот на автопатот Велес-СКопје, во близина на зимскиот пункт Кула, автобус  изгубил контрола и излетал надвор од коловозот

Слични содржини