Една третина од сите лесни и средни сообраќајни несреќи според статистиката се плод на стрес и лошо расположение на возачот. Некој едноставно станува накриво, друг е преуморен, трет имал скандал дома или со шефот, тензиите на работното место исто вади од такт. Сето тоа ја намалува концентрацијата, нагло паѓаат можностите за реакција. Оттаму патот до несреќата е многу краток, потсетуваат од Меѓународната асоцијација на осигуреникци и повредени во несреќи.

1469351741-16

Некои психолози негираат дека мозокот на возачот може да прима и обработува само ограничен обем информации. Повеќето сепак се согласуваат дека кога голем дел од капацитетот на човечкиот мозок е посветена на проблеми, можностите за брза реакција силно се намалуваат. Според нив најопасни се луѓето кои често патуваат службено. Лоша зделка или лоши зборови од шефот можат така да го оптоварат психички возачот што тој воопшто да не се концентрира на движењето. Наводно дури тешката психичка состојба е слична на алкохол опиянениено опијанување
Покрај заморот и тензијата, опасни се исто самозадоволство и прекумерната самодоверба. Психолозите даваат пример со млади, кои нсе враќале доцна во ноќта од дискотека. Без да пиеле алкохол или дрога, тие се “напумпани” од силната музика возбудениод пријатното друштво и новата девојка. Премногу често такви патувања завршуваат трагично, а полициските статистики се полни со такви примери.

Еве неколку совети од психолог како да се управува автомобил, ако сте преоптоварени или во лошо расположение:

1. Возете побавно од вообичаено.

2. Не пушете, тоа го одвлекува вниманието.

3. Не пуштајте радио, тоа ја спречува концентрацијата.

4. Во никој случај не се возете со патници и не пцујте други учесници во сообраќајот – тоа ве прави особено агресивен.

5. Наутро доручкувајте добро, но не пијте многу кафе.

6. Пред пат не се занимавајте со тешка физичка работа.

7. Ако има неколку колони од автомобили на патот, не ги менувајте често и нагло. Нема да стигнете побрзо.

Слични содржини