Прибе пристигна, доаѓа и Хан!

од Vladimir Zorba

Еврокомесарот за европска соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан, според најавите в понеделник (26 јуни) ќе ја посети Република Македонија на разговори околу плановите за реформи на новата македонска Влада, како и да ја повтори поддршката на Европската унија за земјата да ги спроведе неопходните реформи за во иднина да стане членка на Унијата .

Според денешното соопштение на Европската комисија, предвидено е Хан при посетата на Скопје да се сретне со премиерот Зоран Заев, со други претставници на новата Влада и со останатите политички лидери во земјата. Во изјава дадена пред неговото доаѓање во Македонија, Хан посочи дека ја посетува македонската држава за да даде поттик на спроведувањето на реформите што Брисел очекува да бидат спроведени во брз рок, а со цел да се врати на патеката за евро-атлантската интеграција.

– Со континуираната поддршка на Европската унија, земјата конечно ја надмина политичката криза преку добро администрираните избори и формирањето на новата Влада. Сега, новата Влада, заедно со опозицијата, треба да се фокусира на спроведувањето на Итните реформски приоритети и на целосно спроведување на договорот од Пржино, со цел да се врати земјата на патот кон интеграцијата во ЕУ. Реформите мора да се направат за да се подобрат животите на луѓето, да се работи за стабилност, просперитет и правда. Задолжена група на независни високи експерти за владеење на правото, предводена од Рајнхард Прибе е веќе во земјата за да и помогне и да ја советува новата Влада за прашањата на системското владеење на правото, изјави комесарот Хан пред неговото доаѓање во Македонија.

Два дена пред превиденото во Македонија е и европскиот експерт Рајнхард Прибе  Тој пристигна во Македонија, за средба   со новиот владин состав за во понеделник,и тој е дел од деврпскиот тим кој треа да ги забрза реформите на новата влада на Зоран Заев, и да утврди заедно со Хан дали земјата тргнала напред кон излегување од кризата.

Прибе посетата на земјава ја започна викендов од Охрид, како предавач на Летната школа за правници

„Немам конкретни пораки, ниту политички. Се надевам дека ќе имаме отворена дискусија со учесниците на школата. Од академска гледна точка, ќе се обидам да објаснам што значи интеграцијата во ЕУ, да помогнам тоа да биде подобро разбрано и се надевам дека ќе имаме добра дискусија.“ – изјави Прибе.
Извештајот на Прибе од 2015 та години беше жестока критика за земјава но и патоказ кој требаше да ја извади Македонија од длабоката полтичка криза откако изби аферата со незаконски прислушуваните разговори.Најкритикувани тогаш беа демократијата и правото на владеење,следењето на комуникациските процеси, надворешниот надзор од независни тела, правосудството, изборите и медиумите. Тогаш ЕК ја оцени состојбата како ризична и нестабилна и остро  препорача медиумите и судовите да излезат од канџите на партијата и политиката и да им служат исклучиво на народот и граѓаните.

Слични содржини