Пријателството со Клуни и Тарантино ја спасил Салма Хаек од сексуалната злоупотреба од Вајнштајн

од desk2

Голем број холивудски ѕвезди го обвинија продуцентот Харви Вајнштајн за сексуална злоупотреба и силување, а им се придружи и Салма Хаек. За New York Times вели дека Вајнштајн и се заканувал дека ќе ја убие откако одбила сексуален однос со него.

Тврди дека со години го одбивала, а секој негативен одговор би го разбеснил Вајнштајн.

„Ќе те убијам, немој да мислиш дека не можам тоа да го направам“, велеше Вајнштајн, тврди актерката.

Смета дека од силување ја спасило пријателството со Квентин Тарантино и со Џорџ Клуни. Иако била вознемирена кога нејзините колешки почнале да зборуваат за злоупотребата, вели дека не сакала веднаш да зборува мислејќи дека се помирила со минатото.

„Всушност се обидував да ги спасам од објаснување моите сакани, затоа што кога случајно спомнав дека Харви ме злоставувал, премолчев некои детали“, вели Хаек.

Актерката и продуцентот соработуваа на биографскиот филм за Фрида Кало. Тврди дека продуцентот барал да му дозволи да гледа додека се тушира, да го масира, орално да го задоволува и да биде со друга жена.

Тврди дека ја наговарал да сними фронтална сцена од секс за филмот, а тоа го немало во сценариото и дека таа доживеала нервен слом кога снимале.

Обвинувањата на Селма се едни од триесетте до сега стигнати на сметка на Вајнштајн.

Слични содржини