Прилепчани фатени со оружје и муниција во автомобил кај Скопје сити мол

од desk2

Полициски службеници и припадниците на единицата „Алфа“ при контрола на патничко возило марка „Форд фокус“ со прилепски регистарски ознаки, паркирано во близина на ТЦ „Сити мол“, пронашле и заплениле одредено количество на оружје и муниција.

При прегледот на возилото, пронајдени се: еден пиштол марка “Умарех“ 4.5мм 177; еден пиштол марка “Берета“ 4.5мм, еден пиштол марка “Екол Алп“ кал.9.мм, една фантомка црна боја, четири ножеви на расклопување; три помали ножеви скриени во футрола, еден куршум 9мм за огнено оружје-пиштол, еден куршум НН калибар, седум куршуми за пиштол за светлосна звучна сигнализација, како и еден магацин од пиштол со 10 куршуми за светлосно звучна сигнализација и друго.

Истовремено во Полициската станица Карпош се приведени лицата А.К. (42), М.М. (31) и Ј.С. (32) сите од Прилеп, кои што биле во возилото и против нив по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Слични содржини