Имате ли спомени од некој незаборавен момент како мали, во кој ја имитирате омилената хероина од некоја бајка? Или пак тајно сонувате да бидете како неа и темелно ги копирате боите во фустанот или фризурата?399f641bd1a3323e4d98cea2724ccac3

Денес сепак сфаќаме, колку нереални слики ни ги граделе критериумите за убаво како мали.

Ако ја обвинуваме модата за премногу слабите модели кои до пред неколку години беа главните лица на индустријата, тогаш приказните не заостануваат многу поназад.

Од мали формираме претстава за совршена фризура која, да бидеме искрени, колку и да сакаме, нема како да ја постигнеме.

Бидејќи сме минувале низ разочарувањата на една или друга возраст, искрено се забавувавме на проектот “Како би изгледале омилените хероини со вистински проблеми на косата?”.

Еве како.

Ариел

Убавата сирена го поминува најголемиот дел од својот живот во морето и ниту еден пат не ја видовме со намокрена коса. Ако и на нас ми речат да останеме на карпа за повеќе од еден час, сигурно законите на Марфи ќе ни “пуштат” по некој бран. Тајно се радуваме дека дури и на Ариел ѝ се случи тоа.

Бела

Совршената коса стегнатата со панделка на Бела никогаш не се расипува! Дури и најсилните ветрови не се во можност да поместат влакненце од фризурата. Досега. Можете да го видите најдосадниот проблем за жените – залепен прамен коса врз штотуку нанесениот сјај за усни. Тешко е, нели, Бела?

Пепелашка

Очигледно, спиењето врз перница е способно да ги расипе дури и совршените локни на Пепелашка, претворајќи ја косата во опуштенa фризура.

Мулан

Во приказната и филмот за Мулан никаде не се споменува ефектот на статичкиот електрицитет на косата. Очигледно тој постои дури и во бајките.

Јасмин

Егзотичната принцеза Јасмин има завидна долга и густа коса, која е украсена со додатоци во иста боја, во која е и облеката. Да ја видиме убавицата со малку пореален волумен на косата. Никој не изгледа така во реалноста.

Снежана

Разбушавената и немирна коса е сериозен проблем кој дури и Снежана би можела да го има, ако беше реална. Сигурно ќе праша некој од седумте џуџиња за домашна маска за коса , со која ќе го врати совршениот изглед.

Покахонтас

Секогаш кога ќе се појави силен ветер се сеќаваме на оваа неверојатна сцена – прекрасната Покахонтас, обоените разлетани листови и совршената коса на една страна. Ако сепак Покахонтас ни дојде во вистинскиот свет, повеќе нема да можеме да ѝ го видиме лицето.

 

Слични содржини