Принципот “победник со победник” ја засени заедничката платформа на Албанците

од Vladimir Zorba

Дебатите за Мајскиот договор и за принципот на формирање влада меѓу победничките партии во двата етнички блока ги засенија точките од заедничката платформа на албанските партии и условите на ДУИ за новиот мандатар, констатира Алсат М.

Сепак, Рафис Алити од ДУИ вели дека тоа не е целта на партијата на Ахмети. Според него, ДУИ нема да попушти пред своите четири барања кои се однесуваат на службената употреба на албанскиот јазик, мандатот на СЈО и интеграцијата на земјата. Алити вели ако Груевски не успее да формира влада во рамките на законскиот рок, мандатот треба да го добие Зоран Заев. Ако не се случи тоа, Алити предупредува:

„Оваа земја има потреба да излезе од кризата, а да не се продлабочи уште повеќе. Ако се случи претседателот да не му го даде мандатот на Заев, тогаш Македонија ќе се втурне во подлабока криза. Ако претставниците на т.н. претседател Иванов донесат таква одлука тоа значи дека дел од македонската политичка елита намерно ја турка земјата во поголема криза.“ –изјавува Рафис Алити, ДУИ.

Целиот текст може да се прочита тука

Слични содржини