Принцот Хари ѝподари на Меган Маркел златен прстен. Пред неколку дена актерката била забележана како носи украс, пишува OK Magazine.

Весникот се повикува на извор близок до ѕвездите, кој објаснил дека за принцот овој подарок е гаранција за сериозните намери.

Со голем трепет кон него се однесува и самата Меган. Некое време таа не се решава да го носи прстенот, бидејќи се плаши да не го загуби за време на снимање.

“Хари секогаш бил дарежлив. Тој сака да им подарува украси на девојките. Обично тоа се нараквици, но Меган доби и прстен што веќе носи симболичен карактер и решителност “, соопштува изворот.

Според информации на весникот, Меган веќе го носела прстенот за време на свадбата на Пипа Мидлтон.

На настанот не беа пуштени новинари и фотографи, затоа и кадар на актерката со прстенот до сега не се појавил.