Принцовите Хари и Вилијам ќе имаат улоги во „Star Wars: The Last Jedi“

од desk2

Еден од главните актери во „Star Wars: The Last Jedi“ потврди дека британските принцови Хари и Вилијам ќе имаат мали улоги во новото продолжение на популарната филмска франшиза.

Британскиот актер Џон Бојега рече дека Хари и Вилијам играат стормтрупери во кратка сцена во лифт со неговиот лик Фин.

Во долго очекуваното осмо продолжение улоги на стормтрупери ќе имаат и пејачот Гери Барлоу и ѕвездата Том Харди.

Бојега вели дека снимањето со наследниците на британскиот престол било повеќе забавно отколку застрашувачки.

Гласините дека Хари и Вилијам ќе гостуваат во филмот се појавија уште лани, но досега немаше официјална потврда од актерите или продуцентите. Не е познато колку минутажа имаат во филмот и дали имаат реплики.

Слични содржини