Принцовите Вилијам и Хари на премиерата на „Star Wars“ во Лондон

од desk2

Завчера во „Albert Hall” во Лондон се одржа долго очекуваната европска премиера на новото продолжение на „Star Wars – The last Jedi”.

Ѕвезди на вечерта беа принцовите Вилијам и Хари, кои во оваа продолжение се појавуваат во улоги на стормтрупери (Stormtroopers), исто како и актерот Том Харди и пејачот Гери Барлоу.

Појавување на британските благородници на црвениот килим беше проследено со група на Stormtroopers, што беше уште позабавна глетка за фановите и медиумите.

Покрај нив на црвениот килим се појавија и Бенисио Дел Торо, Лора Дерн, Адам Драјвер, Гвендолин Кристи и други ѕвезди од екипата на „Star Wars”.

„The last Jedi” веќе имате можност да го гледате и во нашите кина.

Слични содржини