Бојадисувањето на велигденските јајца е забава за целото семејство. Ако оваа година сте одлучиле да не купувате стандардни бои за јајца, во следните редови ќе видите како со помош на овошје и зеленчук може да ги вапцате вашите јајца во убави бои.f6ade176888df336cc934581f3591007

Не заборавајте дека јајцата се стават топли во бојата во која претходно сте ставиле 2-3 лажици оцет. Ова правило важи и за природните бои.

За жолта боја

Во врела вода ставете 3 лажици куркума. Измешајте добро и штом зачинот ја пушти бојата, отстранете го тенџерето од ринглата. Потоа со помош на лажица ставете го јајцето во бојата.

За розова или заситена црвена боја

Варете неколку минути едно – две излупени и исечени на парчиња корени цвекло. Потоа ставете ги јајцата и оставете да отстојат најмалку 10 минути. Ако немате цвекло, може да го замените со чај од хибискус.

За сина боја

За да постигнете заситена сина боја, сварете виолетова и црвена зелка или сини боровинки. Потоа ставете ги јајцата околу 30 минути во бојата.

За портокалова боја

Портокалова боја може да се добие ако во врела вода се стават куркума и лушпи од кромид (барем од 5 главици кромид). Исто така можете да постигнете и интересен ефект, ако пред готвење на јајцата замотате околу секое лушпи од кромид, заврзете неколку конеци што ќе ги придржуваат лушпите и ги сварите на овој начин.

За кафеави нијанси

Оваа боја е најлесно да биде постигната ако сварите убаво црно кафе. Не заборавајте и кон него да додадете 2-3 лажици оцет пред да ги ставите јајцата.

За зелена боја

За да ги обоите јајцата во свежозелено, сварете неколку листови спанаќ со една врска магдонос и копар. Ставете ги јајцата во бојата за околу 20 минути.

Слични содржини