Приштина не го сака Белград во истрагата за убиството на Ивановиќ

од desk2

Шефот на канцеларијата за Косово во Владата на Србија Марко Ѓуриќ во вторник изјави дека Белград нема да учествува во дијалогот со Косово додека Србија од Косово не ги добие одговорите за убиството на Оливер Ивановиќ, еден од лидерите на косовските Срби.

Ѓуриќ за RTS рече дека бројни информации до кои дошле српските истражни органи укажуваат на сериозна и широка организација и дека информациите пристигнуваат секој час.

„Од минута во минута добиваме се повеќе информации, и се повеќе сум уверен дека ова не потекнува од нашата земја и сигурно не од Србите во Косово. Ние не бараме и не молиме, туку очекуваме дека косовските органи мора веднаш да ги пронајдат виновниците и да ги изведат пред лицето на правдата“, вели Ѓуриќ.

КОсовскиот министер за правда Абелард Тахири ја отфрли можноста дека Бечград ќе се вклучи во истрагата за убиството на водачот на граѓанската иницијатива „Слобода, демократија, правда“ Оливер Ивановиќ, објавија приштинските медиуми по барањето од Белград на истражните органи на Србија да им се овозможи учество во истрагата.

„Тоа (истрагата) им припаѓа само на институциите на Косово“, рече Тахири за порталот gazetaexpress.

Тахири порача и дека добродојдени се сите информации, од Албанците или од Србите, кои може да помогнеат во расветлување на убиството, но не и вклучување на Белград во истрагата.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ оцени дека убиството на Ивановиќ е терористички акт и побара EULEX, UNMIK и косовската полиција да дозволат српските органи да учествуваат во истрагата и во откривањето на вистината за атентатот на Ивановиќ.

МИнистерот Тахири изјави дека се уште нема информации дали EULEX добил официјално барање од владата или другите институции на Србија за учество во истрагата за убиството, и дека ни во косовските институции не стигнало такво барање, пренесе Beta од Приштина.

Главниот обвинител на Основното обвинителство во Косовска Митровица, Шакири Сила изјави дека двајца обвинители го истражуваат убиството на Оливер Ивановиќ – Србин и Албанец, Јово Радовиќ и Нијази Реџа.

Истовремено, Обвинителството за организиран криминал во Белград соопшти дека покренало предистражна постапка по повод убиството на Ивановиќ, а од српската полиција и разузнавачката агенција побарало собирање потребни информации во врска со казнено дело тероризам.

Слични содржини