Еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан разговараше денеска во Приштина со косовската претседателка Атифете Јахјага и притоа го истакна значењето на реформите и дијалогот Белград-Приштина.

Хан оцени дека продолжувањето на дијалогот Белград и Приштина посебно е значаен бидејќи ќе помогне за нормализација на односите, а дека ангажирањето на внатрешните реформи е важно за зачувување на стабилноста на Косово, соопшти кабинетот на Јахјага.

Според Хан, либерализацијата на визниот режим со ЕУ нема никаква врска со илегалната имиграција, а процесот на исполнување на критериумите за либерализација ќе продолжи.

Јахјага истакнала дека косовските институции се ангажирани на спроведувањето реформи по европска агенда, напоменувајќи дека Косово има потреба за поддршка од ЕУ, посебно кога станува збор за Договорот за стабилизација и асоцијација./MИА

Слични содржини