Средношколскиот марш  добива на масовност. Колона од неколку илјади средношколци се движи по Илинденска, извикувајќи „Доста беше молк“, „Избор сакаме“, „Дојди и приклучи се“. Меѓу учениците, има и родители кои им даваат поддршка.

srednoskolciNasa

На местото од каде почна маршот против задолжително полагање на математика за државна матура, скопскиот Градски парк, средношколците ги чекаа своите врсници од гимназијата „Јосип Броз Тито“, за да се упатат кон Министерството за образование.

На еден од транспарентите кои го носат учениците, пишува „Негогаш ни ја абортиравте мислата, сега ни ја зачнувате“.

Постари граѓани, кои минуваат покрај стотиците средношколци, се приклучуваат кон маршот на средношколците.

На матурантите, средношколци им се придружија и нивните професори и маршираат кон Министерството за образование и наука.

 

 

Слични содржини