„Стоп за екстерното тестирање“ и „Не за полагање математика“ порачаа попладнево тетовските средношколци на маршот кој „Средношколски пленум“ го организира поради новиот начин на полагање државна матура.

sliak-srednoskolski-mars-685x320

На маршот поддршка му дадоа околу 200 ученици.

Тие првин се собраа на градскиот плоштад, а потоа продолжија да маршираат по улиците Тодор Циповски-Мерџан и Иво Лола Рибар, сè до Работничкиот универзитет, каде се сместени канцелариите на Министерствотото за образование, Бирото за развој на образование и на Просветниот инспекторат.

Средношколците изјавија дека очекувале поголема масовност на денешниот средношколски марш и дека имале притосоци да не излегуваат, претежно од директорите на училиштата.

За утре, средношколскиот пленум најавува средношколски марш во Скопје и во повеќе градови во Македонија.

Извор: Мета

Слични содржини