Притвор од 30 дена за четворица од петте напаѓачи на Села

од desk2

По предлог на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, судија на претходна постапка определил притвор од 30 дена за четири лица од петтемина уапсени за обид за убиство на пратеникот и лидер на Алијнса за Албанците, Зијадин Села за време на насилството во Собранието на 27 април, соопшти Јавното обвинителство.

Обвинителството, како што стои во соопштението, побарало притвор и за петтиот осомничен, но поради неговата влошена здравствена состојба, судот дополнително ќе одлучи.

Слични содржини