Притвор за едно лице и замрзнување на сметката на „Финзи“ побара СЈО за „Трезор“

од Vladimir Zorba

osnoven-sud-skopje-1

Во врска со истрагата во предметот „Трезор“, Специјалното јавно обвинителство до Основниот суд Скопје 1 поднесе предлог за определување мерки за претпазливост за три осомничени лица, со кои е побарано од судот да ги одземе патните исправи на овие лица.

– Воедно, за едно осомничено лице побарано е определување мерка притвор поради опасност од бегство, постоење на основан страв дека лицето ќе ја попречува кривичната постапка и поради постоење на особени околности кои го оправдуваат стравот дека лицето ќе го повтори делото – се вели во известувањето на СЈО.

До Основниот суд Скопје 1 поднесено е и барање за донесување привремена мерка – забрана за користење и за располагање со трансакциската сметка на правнато лице „Финзи“ ДООЕЛ Скопје./Meта

Слични содржини