Приватните превозници си ги бараат парите од електронските картички

од desk3

Од јануари па се до денес поголем дел од партите од продажбата на електронските билети, Град Скопје не ги исплатиеле,   велат од „Слобода Превоз“. За  ваквата состојба на приватниците обвинувањата стигаат и на адресата на  Јавното сообраќајно претпријатие. 

-Од компанијата велат дека од јануари, кога стапи на сила одлуката за електронски билети, не им се платени големи суми, а им се намалува и километражата која е основа за плаќање.

„Треба километражата да се плаќа повеќе, исплатата да се врши на време за да може да ги покриеме трошоците и да нема проблеми со километражата која не се прифаќа. Најсоодветната сума е да биде некаде 1 и пол евра, ако плаќањето не се прави редовно и 2 евра да биде залудно е. Мене лично за јануари ми избришале 3 илјади километри, за февруари платиле нешто, но и таму скратиле, не знам колку точно, но и таму треба да биде добра сума, за другите месеци се уште не се направени исплатите.“ – изјави Нимет Бејтулау “Слобода Превоз”, за АлсатМ.

Новините во јавниот превоз стапија на сила на 1 јануари оваа година и оттогаш приватните превозници се под надзор на Град Скопје и ЈСП кои вршат нивно следење и исплаќање. Новиот систем ги замени билетите со електронски картички кои се полнат во согласност со потребите на граѓаните.

 

 

Слични содржини