Приведен Љупчо Палевски

од Vladimir Zorba

Љупчо Палевски- Палчо, бизнисмен од Скопје, вечерва е приведен во полициска станица по барање на СЈО, дознава телевизија 24 од извори во обвинителството на Катица Јанева.

Според истите извори во СЈО, се води предистражна постапка за Палевски.

Нова ТВ шпекулира дека приведувањето на скопскиот бизнисмен е веројатно поради објавени разговори помеѓу јавни личности, меѓу кои новинари и бизнисмени кои завршија на Јутјуб, а беа со интимна и приватна природа.

Драган Павловиќ-Латас во СЈО пријави вакви злоупотреби. На профилот на приведениот се појавија и снимки од бизнисменот Јордан Камчев.

Слични содржини