Приведена девојката која тврдеше дека пуши марихуана низ улиците во Скопје

од Vladimir Zorba

Девојката, која објави видео во кое тврдеше дека пуши марихуана, попладнево е приведена од полицијата.

Новинарката Кристина Мачкиќ од Dosie.mk фотографирала со телефонот, но полицијата и го одзела и барала се да избрише. Новинарката Мачкиќ кажа дека објаснувањето на полицијата било дека немала камера и не знаеле со сигурност дека е новинар, јавува порталот А1он.

-Се понудив да одам во станица и да ги видат фотографиите, посебно што беа сликани од грб и не се гледаше лик на ниту еден полицаец, но ги избришаа, вели за А1ОН Мачкиќ која воедно е член на Управниот одбор на ЗНМ.

Девојката, вчера во видео најави дека ја почнува слободата на канабисот и пуши на јавно место.

Слични содржини