Приведени петмина борци на ИД, кои планирале напади во Истанбул

од desk2

Турските сили за безбедност приведоа петмина борци од терористичката групација Исламска држава, кои планирале да извршат напад во Истанбул, соопштија локалните власти на округот Самсун, каде беа приведени осомничените.

Силите за безбедност открија терористичка група, во која членувале седуммина терористи од ИД. Во специјална акција беа задржани петмина од нив, а по останатите двајца се трага.

Тие купиле билти за Истанбул, каде планирале да извршат напад, се наведува во соопштението на локалните власти на Самсун. Турски и светски медиуми вчера соопштија дека минатата недела во Истанбул е приведен борец од ИД, по кого трагал Интерпол.

Слични содржини