Приведоа руски програмер во Шпанија по барање на ЦИА

од Vladimir Zorba

 Рускиот државјанин Станислав Лисов во крајот на минатата недела бил уапсен на аеродромот во Барселона по барање на ФБИ. Тој е осомничен во хакерски напади . Тој работи како програмер,  а се занимава со одржување и развој на сајтови. Во Шпанија тој бил на одмор заедно со сопругата Дарија, пишува Взгляд.

“Кога излегувавме од возилото, кон нас се приближија двајца полицајци, ја покажаа својата значка и соопштија дека треба да го задржат мојот сопруг. Почнаа да му ги проверуваат телефонот, таблетот и лаптоп от”, изјави неговата сопруга. Шпанската полиција појаснува дека рускиот државјанин е уапсен по барање на ФБИ и Интерпол.

Засега против Лисов нема покренати обвиненија. Сопругата му раскажува дека за  нејзиниот сопруг  ангажирала адвокат, но “и до сега не се појаснува, за  што точно го обвинуваат”.

Шпанија не може да ги обезбеди сите потребни информации, бидејќи барањата  кон Лисов се од САД.
Руските власти побарале информации за причините за задржувањето.

Слични содржини