Од 2007 до 2010 година, во структурата на надворешниот долг доминираа долговите на приватниот сектор, но оттогаш наваму, алармантно е што неговото зголемување се должи на јавниот долг или кредитите што ги подига Владата во име на граѓаните-анализира Призма.

Македонија навистина влезе во групата високо задолжени земји, но не со последниот извештај на Народната банка (НБРМ) којашто објави податок дека бруто надворешниот долг е 6,1 милијарда евра или 68,68 отсто од бруто домашниот производ (БДП). Границата од 60% од БДП е премината уште во 2011 година кога нивото на надворешниот долг во висина од 4,6 милијарди достигна 64,24% од БДП.

Алармот е вклучен оттогаш, но не поради самиот процент на задолженост во однос на БДП туку поради драматичниот пораст на јавниот долг во структурата на надворешната задолженост.

Зголемувањето на јавниот долг доби драматична динамика откако Владата започна политика на високи буџетски дефицити од крајот на 2009 година, време кое се поистоветува со седнувањето на Зоран Ставрески на министерското столче за финансии.

Од почетокот на 2010 година досега или само за пет години, јавниот долг е на пат многу скоро да биде триплиран или ако тој на крајот на 2009 изнесувал 1,7 милијарди евра, сега изнесува 3,9 милијарди евра.

Повеќе ТУКА

Слични содржини