Иако е дел од договорот од Пржино, активната регистрација на гласачите станува сѐ понеизвесна. Не само што ДУИ не ја прифаќа туку и странски експерти за избори посочиле дека до април нема време за евидентирање на гласачите со отпечаток од прст. Од СДСМ пак, инсистираат дека три месеци се доволен период за да се имплементира систем што е меѓународно докажан, информира Призма.

Ballot Box by MIA111

Нема доволно време да се спроведе активна регистрација на гласачите на претстојните предвремени избори на 24 април. Ова го кажале експерти за изборно законодавство кои работеле во повеќе држави од источна Европа и од Африка кои проценуваат дека се потребни минимум 18 месеци за да може да се спроведе активна регистрација на гласачите преку електронски отпечаток на прст, брифираат за БИРН дипломатски извори од преговорите што се во тек.

Објаснувањето на странските експерти е дека евидентирањето на гласачите со отпечаток од прст со што би се прочистил избирачкиот список и би се избегнале гласања со двојни или тројни идентитети и документи, не може да се случи без претходно да се тестира системот, затоа што се можни грешки.

„Не се работи за комерцијален систем за кој има време за одложување и постепено започнување на операциите. Системот треба да функционира 100 насто исправно, во целата земја, при првата употреба. Доцното откривање дека не е можна навремена испорака претставува закана и за политичкиот и за изборниот процес“, се вели во анализата на експертите.Меѓу експертите кои дале препораки околу активната регистрација, според информациите на БИРН се Питер Вол и Стив Канхам од Меѓународната фондација за изборни системи.Експертите од оваа организација во Скопје предочиле дека спроведувањето на новите системи за регистрација на гласачите во ограничена временска рамка вообичаено резултира со намалено расположливо време за клучни задачи, по што следува неуспех на системот.

Текстот во велост прочитајте го тука

Слични содржини