28.05.joh_han

Уште трае лидерската средба во резиденцијата на ЕУ во Скопје. Иако од Еу-инфо центарот денеска закажаа прес-конференција на евро-комесарот Хан  во 18:30 часот, по пробивањето на овој рок , од таму соопштија дека Хан ќе даде изјава во 20 часот. Пред малку соопштија дека таа ќе се одржи во 21 часот. Не ги соопштија причините за одлагањето на два пати.

Четвoрицата лидери се уште се во резиденцијата на ЕУ во Пржино на лидерска средба за која нема информации од внатре.

На прес конференцијата според информациите нема да учествуваат лидерите на четирите политички партии.

Утрово Хан најпрво се сретна со лидерите на албанскиот блок партии, во 13 часот ги започна одвоените средби со Заев и Груевски, а во 17 часот дојдоа Тачи и Ахмети и започна лидеркста средба во полн состав. И утрината и кога дојде Али Ахмети соопшти дека е оптимист дека ќе има решение за политичката криза.

Слични содржини