Проблемот не е Валонија

од Vladimir Zorba

download

Преговорите за СЕТА покажаа дека и однадвор, и одвнатре конструкцијата на ЕУ повторно изгледа згреши, бидејќи покрај драмата околу СЕТА и Европјеците сигурно се убедени дека ќе се запрашаат: зошто ни е оваа ЕУ, кој не може да постигне консензус дури по прашања од главните надлежности?

На ова прашање одговара Бернд Ригерт во коментарот за “Дојче веле”. Да ставиме прст на главата, да се запрашаме за непослушните од Валонија и да ја припишем вината за драмата околу СЕТА единствено на ограничен противници на светската трговија, не е доволно за да се разбере за што станува збор.

Виновни за драмата околу договорот со Канада се и Европската комисија, и федералната држава Белгија, а дури и самата Канада. Бидејќи уште пред една година Валонците кои се чувствуваат запоставени од меѓународните концерни, изразија пред белгиската држава и ЕК, која води преговори со Канада, своите желби и сомнежи за договорот.

Во април во посебна резолуција валонският парламент гласаше против СЕТА. Најдоцна тогаш белгискиот премиер и комисијата требаше да се разбудат, за да се соочат навреме и против отпорот на валонците. Тие сепак не презедоа скоро никакви мерки.

А датумот за самитот ЕУ – Канада беше одамна познат. И Бугарија има посебни желби само неколку дена пред 27 октомври, за кога беше предвидено потпишување на трговскиот договор, земјите вклучени во преговорите, изразија чудење од тврдоглавоста на валонците. Белгискиот регион сепак не беше единствениот кој изрази особени желби: Бугарија и Романија на пример поврзувањето со СЕТА со отпаѓањето на визите за Канада за своите граѓани; Германците отворија во последен момент во вклучувањето три декларации, кои им овозможуваат на нив, а и на сите други земји-потписнички СЕТА, да го напуштат договорот, ако некој германски суд открие подоцна нешто погрешно.

Покрај тоа германските социјалдемократи станаа против СЕТА, ТТИП и глобалната стокова размена и во својата предизборна ја ставија како тема и така ја охрабрија пријателската социјалистичка влада на Валонија исто да ја проба среќата.

А баварскиот владин шеф Хорст Зеехофер од ЦСУ истакна дека било правилно во преговорите за СЕТА да се вклучат што повеќе парламентите.

Внимание треба да се посвети и на специфичниот државен апарат на Белгија, која обезбедува посебни права на петте регионални белгиски парламенти при склучување на меѓународни договори.

Значи однесувањето на Валонија не би требало да биде изненадување за белгискиот премиер, ниту за Европската комисија. Впрочем и германскиот дел на Белгија, чие население брои 70. 000, се уште не дал својот благослов за договорот. Премиерот Оливер Пааш се крие зад одлуката на Валонија.

Канада исто допушти грешки: за време на преговорите Канаѓаните премногу се потпираа на ЕК и ги подценија интересите на одделните земји членки. Драмата околу СЕТА покажува дека ЕУ е на границата на своите можности. Едногласноста, што треба да биде постигнаат меѓу 28 земјита ја претвора заедницата во сојуз, кој лесно може да биде уценуван.

Токму затоа и кај идните преговори со САД за ТТИП или со Јапонија ЕУ ќе има потреба од нова, подобра стратегија. На позициите на поединечните земји членки и дури и на оние на одделните региони на кои треба да им се обрнува внимание порано.

Еве што однадвор и одвнатре конструкцијата на ЕУ повторно изгледа згреши. Дури и да гиубеди Европејците со право ќе се запрашаат што ќе ни е оваа ЕУ, која не може да постигне консензус дури и за прашања од неговите основни надлежности како трговијата и внатрешниот пазар?

Точно, драмата околу СЕТА е непријатна, но тоа не е крај на светот или крај на сите договори за слободна трговија. Да не заборавиме сепак дека и двете страни го поврзуваат со овој договор со важни економски интереси. А сепак: се уште сме во фаза на потпишување, а вистинскиот предизвик допрва доаѓа: Ратификацијата на СЕТА од Европскиот парламент, одделните национални, а и некои регионални парламенти.

И тогаш и Сар или Саксонија исто така ќе имаат збор, бидејќи во Германија во ратификацијата учествуваат и одделните федерални провинции. Ако обрнеме поглед наназад, ќе видиме дека валонците сега само велат гласно она што многу од луѓето во ЕУ мислат потајно: последиците од глобалната трговија и светската економска активност предизвикуваат непријатно чувство. На модата и се врзува и ренационализацијата.

Гласањето на Британците за Брекзит е израз токму на ова мрачно расположение. И во Германија популистите лево и десно креваат гласови против слободната трговија и ЕУ. Холандскиот референдум за договорот меѓу ЕУ и Украина, успехот на националистите на претседателските избори во Австрија и унгарското НЕ на бегалците се останатите симптоми на длабоката криза на доверба во заедницата.

Слични содржини