Прободен со нож во стомакот, во несвест итно префрлен на Клинички

од desk2

Во 14,45 часот во текот на вчерашниот ден било пријавено дека во с. Зрновци, кочанско, во купатилото од сопствената куќа бил пронајден 24-годишниот К.Г. со убодна рана од нож во пределот на стомакот.

Истиот во безсознание е пренесен во Општа болница Кочани, од каде, поради сериозноста на повредите, бил пренесен во Клинички центар Скопје.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Слични содржини