Во моментов СДСМ го спречи најавеното налудничавото задолжување на граѓание од 650 милиони евра, иницирано од Никола Груевски.

Процесот на издавање на еврообврзницата од 650 милиони евра е одложен. Но, не е прекинат.

Опасноста за финансиско злосторство врз граѓаните останува.

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ по којзнае кој пат спасот го гледаат во својот коалиционен партнер ДУИ.

Најавено е издавање на мислење за правната важност на целата постапка од страна на Министерството за Правда. Иако согласно законот за Јавен Долг, член 18, став 6, ова мислење му претходи на носењето на Одлуката за задолжување.

kire-naumov-860x680

Доколку се издава еврообврзница, истата треба да се издаде по истата постапка по која што беше издадена еврообврзницата во ноември 2015.

Секоја друга постапка ќе значи прекршување на Законот за Влада, Договорот од Пржино, Законот за буџет и Кривичниот Законик.
Со вакво темпо на задолжување Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ги туркаат граѓаните и Република Македонија кон финансиски колапс.

Гошев: Нашиве измамници се демаскирани од меѓународниот финансиски и политички пазар

Нема да дозволиме да се прави дополнителна штета со нови и нови долгови врз грбот на иднинте генерации. Нема да дозволиме економски колапс на земјава и злоупотреба на парите за изборна коруцпија.

Пари во Буџетот за плати и пензии има. Задолжувањето е за непродуктивни трошења, корупција и криминал.

Со ребалансот на Буџетот власта може веднаш да скрати огромни средства за непрдуктивни трошоци како 18 милиони евра за Милениумско тркало, 5 милиони евра за барокни фасади, а може да се продаде и мерцедесот на Груевски од 600 илјади евра.

Поради недостатокот на капацитет на оваа Влада, како и поради сомнежи за злоупотреба на средства веќе ни се блокирани 27 милиони евра од ИПА програмата. Најавено е и блокирање на дополнителни 60 милиони евра.

После 21 година за првпат Мисијата на ММФ во Македонија ќе остане без постојан претставник.

Неколку меѓународни финансиски институции јасно порачаа дека соработката со Владата ќе ја продолжат по одржувањето на фер и демократски избори.

Ова се јасни политички пораки за ситуацијата во која државата ја доведоа Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ.

Нема да дозволиме последиците од криминалите, клиентелизмот и расипничкото однесување да ги трпат нашите деца. Ќе се бориме за секој денар. Ќе се бориме за сите граѓани и иднината на Македонија.

Или Груевски или Македонија.

Нашиот избор е Македонија.

Слични содржини