Новата книга за волшебникот Хари Потер ќе излезе на пазарот во Велика Британија, САД и Канада на 31 јули, соопштија издавачите од Little Brown UK.4649610

Новата книга не е осмото продолжение на серијалот, туку претстава во два дела, која ќе го покаже животот на Хари, Рон и Хермиона 19 години по настаните во последната книга “Хари Потер и даровите на смртта”.

На ден пред излегувањето на пазарот во Лондон ќе се одржи и премиерата на пиесата под името “Хари Потер и проколнатото дете”. Во работата на претставата учествува самата авторка на серијата Џоан Роулинг.

“Тоа ќе биде една нова приказна, создадена со заедничките напори на писателот Џек Торн, режисерот Џон Тифани и мене”, изјави претходно авторката на книгата.

Последниот роман за младиот волшебник излезе во 2007 година, кога Роулинг објави пред своите обожаватели дека продолжение нема да има.

Слични содржини