Продолжи „војната“ на релација Митревски – Министерство за труд и социјална политика

од Vladimir Zorba

Продолжува војната на релација Живко Митревски со министерката за труд и социјала Мила Царовска. Опкружен со најблиските соработници и наоружан со документи за кои рече дека се материјални докази во негова короист, Митревски денеска ја демантираше вчерашната реакција на Цароска, повторно тврдејќи дека нејзиното решение за негова смена од водечката позиција во Сојузот на Синдикатите на Македонија, е ништовно, информира Телма.

„Овие реакции на МТСП и на Царовска се неосновани, неаргументирани и неточни, правно неуки и служат само да ја дезинформираат јавноста. Правната неукост да биде уште поголема, во реакцијата се вели дека решението на министерот Ибрахими не можело да се донесе врз основа на Законот за работни односи“, рече Митревски.

Ја обвини Цароска дека се меша во синдикалното организирање.

„Министерката нема етика и морал, таа јавно рече дека нема да се меша во работењето на синдикатите и ќе остави целата работа да ја вршат синдикатите, а не да прави исторски скандал“, рече Митревски.

Порача до членството дека има поддршка од меѓународните синдикални организации, и уште еднаш го повика премиерот, поради, како што рече, мафијашкиот обид за негова смена, да ја разреши министерката. Упати порака и до Централниот регистар, охрабрувајќи го доследно да ги спровел наредбите на Обвинителството.

Експресно возвратија од Труд и социјала. Во својата писмена реакција велат дека Митревски повторно изнел невистини и лаги, и како што велат, со никакви наводи во Решението за огласување на ништовност од 4 август годинава, Министерството за труд и социјала не се меша во слободата на синдикално организирање и слобода на избор, туку постапува според позитивните закони во земјава и меѓународните конвенции. Повторија дека решението на претходниот министер Ибраими е ништовно, согласно Законот за општа управна постапка.

„Исто така, целосно ги отфрламе неоснованите обвинувања дека министерката Царовска вршела притисок врз Централниот регистар и другите државни органи, и во оваа прилика апелираме до сите надлежни институции да постапуваат согласно законските прописи“, велат од Министерството за труд.

„Ривалот“ на Митревски, пак, парвиот човек на СУТКОЗ, Дарко Димовски, како што потврди адвокатот Звонко Давидовиќ, денеска или најдоцна во понеделник го очекува решението дека е впишан во регистарот на податоци како в.д претседател на ССМ. Со новата директорка, вели Давидовиќ, Централниот регистар конечно почнал да функционира и да се ослободува од партиските стеги.

Слични содржини