Пожарот кој избувна вчера на пладне кај велешкото езеро Младост мината ноќ е локализиран и сега се работи на негово целосно гаснење, информира Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Опожарена била борова шума, а стихијата се ширела со голема брзина и сила.

При гасењето биле користени и авионите за противпожарно дејствување на ДЗС.

pozar

Иако локализирани, пожарите се уште не се целосно изгаснати во општина Студеничани, кај селата Елово и Осинчани. И овие пожари избувнаа вчера и зафатија мешана шума.

Во текот на вчерашната акција бил ангажиран еден авион на Дирекцијата за заштита и спасување, како и 21 припадник на силите за заштита и спасување и ТППЕ-Скопје.

Слични содржини